Британската полиција донира 10 запленети автомобили на локален колеџ

Британската полиција ги донираше запленетите автомобили на локалниот колеџ, како образовно средство за да се обезбеди основно образование за безбедност во сообраќајот кај младите возач…

Всушност, полицијата во Дорсет им дала 10 неподигнати автомобили на студентите од колеџот Борнемут и Пул (Bournemouth & Poole College) за да им помогнат во нивните студентски обврски.

Секоја година полицијата заплени до 4.000 возила и оваа иницијатива ќе помогне да не завршат на депонии, туку да се користат за подобри цели, пишуваат информативните агенции.

Инспекторот Џо Вибл (Joe Wheable), од тимот за патна полиција, рече дека полицајците се „посветени да работат со млади возачи и да обезбедат основно образование за безбедноста на патиштата“.

Колеџот Bournemouth & Poole ја контактираше полицијата во Дорсет за да истражи користење на обновени автомобили за да го подобри искуството за учење за студентите.

Меѓу донираните автомобили се VW Touran, Ford Fiesta, Hyundai Tucson, Toyota Avensis, Audi A4 и Chevrolet Tacuma.

„Овие возила се привремено задржани поради повеќе причини, како што се немање дозвола или осигурување“, рече инспекторот Вијбл.

„Навистина е добро колеџот да работи со полицијата во Дорсет бидејќи нашите студенти ги добиваат различните возила што им се потребни за обука и клучните врски за обука со полицијата“, вели Џејмс Хилс (James  Hills), од инженерскиот оддел на колеџот.

 





НАЈНОВИ