Wuling BinGuo Plus

Wuling (марка создадена од соработката на General Motors и кинеската SAIC) прима нарачки за својот нов електричен модел BinGuo Plus…

BinGuo Plus е всушност поголема верзија на моделот Wuling BinGuo, од која ќе се разликува не само по димензиите, туку и по малку поинаков ентериер.

Должината на Wulinga BinGuo Plus е 4090 mm, ширината е 1720 mm, висината е 1575 mm и растојание помеѓу оските изнесува 2610 mm.

Електричниот мотор има моќност од 75 kW/102 КС и 180 Nm максимален вртежен момент.

Батериите се со капацитет од 37,9 kWh и 50,6 kWh, така што досегот со едно полнење се движи од 410 km до 510 km (според CLTC нормите).

Дел од опремата се состои од 15-инчни тркала, LED дневни светла, 8,8-инчна дигитална инструмент табла, мултимедијален систем со екран на допир од 10,1 инчи, клима уред, задна камера и темпомат.

BinGuo Plus со основна батерија чини 89.800 јуани (11.425 евра) во Кина.

 





НАЈНОВИ