Xiaomi подготвува и ривал на Tesla Model Y

Кинескиот технолошки гигант Xiaomi повеќе не се занимава само со уреди, туку влезе и на пазарот на електрични автомобили со претставувањето на моделот SU7, а за 2025 година подготвува и ривал на моделот Y на Tesla…

Извори од компанијата открија дека Xiaomi дизајнирал SUV кој ќе биде директен ривал на Model Y. Развојот на овој модел е во тек откако директорот на компанијата Леи Јун ги објави амбициите поврзани со електричните автомобили во 2021 година.

Првичниот план беше да се фокусира на производството на седанот SU7 и да достигне бројка од 100.000 примероци произведени оваа година.

Моделот SU7 е веќе во производство, Xiaomi се префрли во „повисока брзина“, а сега планот е да го претстави својот SUV кон крајот на 2025 или почетокот на 2026 година.

Оваа временска рамка се совпаѓа со завршувањето на втората фаза од изградбата на новиот производствен капацитет на Xiaomi во Пекинг, пренесуваат информативните агенции.

Засега има малку детали за идниот SUV, но упатените во индустријата навестуваат дека тој е дизајниран да го освои мејнстрим пазарот. Се верува дека ќе биде уште понапреден од седанот SU7 и ќе ги исправи сите дефекти што ги има.

Цената е значаен фактор на високо конкурентниот пазар на електрични возила, а Xiaomi е фокусиран на достапноста. SU7 чини нешто помалку од 28.000 евра, додека идниот SUV би требало да биде уште поевтин со цена од околу 19.200 евра.

Дефинитивно може да привлече повеќе купувачи и да го размрда кинескиот пазар на електрични возила.

Се очекува фабриката во Пекинг да достигне бројка од 300.000 автомобили кои се произведуваат годишно, што јасно покажува дека Xiaomi има намера да стане значаен играч на брзорастечкиот пазар на електрични возила.

 





НАЈНОВИ