Opel планира да претставува само електрични модели од 2025 година

Opel моментално работи на нов достапен електричен модел со почетна цена од околу 25.000 евра…

Брендт Opel на Stellantis останува на својот план да лансира само електрични модели од следната година и покрај забавувањето на побарувачката за електрични возила во Европа. Извршниот директор на Opel, Флоријан Хуетл (Florian Huettl), рече дека производителот на автомобили цврсто верува дека електромобилноста е најдобриот начин за ширење на мобилноста без емисии.

„Нашиот фокус е навистина да ги направиме овие автомобили достапни за пошироката база на клиенти“, изјави Хуетл за Automotive News Europe.

Хуетл зборуваше на маргините на претставувањето на електричната верзија на малиот теренец Frontera.

Frotera, која го заменува Crossland во гамата на Opel, ќе има и блага хибридна верзија со 1,2-литарски бензински мотор со почетна цена од 24.000 евра.

Иако Opel ќе ги користи матичните мулти-енергетски платформи на Stellantis, како што е STLA Medium, за своите идни производи, марката останува на својот план да воведе нови модели со само електрични погонски единици почнувајќи од 2025 година, рече Хуетл.

Opel сега има нова линија со повеќеенергетски платформи чии електрични верзии нудат доволно електричен опсег за да се овозможи возење по автопат, вели директорот.

Новиот Grandland, кој беше претставен во Германија пред три недели, има бензински, plug-in хибридни и електрични варијанти.

Opel моментално работи на нов достапен електричен модел со почетна цена од околу 25.000 евра, вели Хуетл.

Се очекува да биде мал градски автомобил и ќе ја дели архитектурата на Smart Car на Stellantis, која исто така е основа на новиот Citroen eC3. eC3 беше лансиран минатата година, а се очекува основна верзија со пократок опсег по цена од 19.990 евра, која треба да биде достапна на почетокот на наредната 2025 година.

 





НАЈНОВИ