Ажуриран AC Schnitzer пакет за BMW Series 5

Германскиот AC Schnitzer ја прошири својата понуда за тјунинг за новата Series 5 на BMW…

Нивниот пакет вклучува доработка на надворешноста и внатрешноста, како и подобрување на управувањето и перформансите.

Уште порано беа понудени нови тркала (21-инчен AC3, 20-инчен AC4, 19-инчен и 20-инчен AC1) и дистанциали, додека дополнително стаса и новиот aero body пакетот (нов преден спојлер, странични прагови, спојлер на багажникот, спојлер на заден покрив), изменета суспензија (автомобилот е понизок за 15-30 mm), со најава за подобрувања на перформансите за бензинските, дизелските и хибридните верзии на Series 5.

За внатрешноста, меѓу другото, се нудат AC Schnitzer педали, алуминиумски детали и нови патосници.

Покрај седанот, AC Schnitzer го обезбеди својот пакет за новата Series 5 Touring како и електричниот i5.





НАЈНОВИ