BMW Concept Car зa Concorso d’Eleganza 2024

Со тизер слика, BMW го најавува својот нов концепт автомобил за овогодинешното издание на настанот Concorso d’Eleganza Villa d’Este во Италија…

Главниот дизајнер на BMW, Домагој Дукец, ја објави сликата на Инстаграм и коментираше со зборовите: „Небото е граница. Останете со нас.”

Во однос на бојата, новиот концепт автомобил BMW користи бакарен тон кој потсетува на Индивидуалните бои како што се Занзибарскиот металик (Zanzibar Metallic ) или течниот бакар (Liquid Copper).

Најавата „Stay tuned“ барем навестува дека ќе има уште тизери со повеќе детали во следните неколку дена.

Ревијалниот автомобил ќе биде претставен следниот викенд, кога на езерото Комо се одржува „Фестивалот на убавината“ (Concorso d’Eleganza Villa d’Este).

Останува да видиме дали овогодинешниот ревијален автомобил ќе прерасне во (мало) сериско возило, како во случајот со BMW 3.0 CSL или засекогаш ќе остане „автомобил од соништата“ како минатогодишниот BMW Z4 Touring Coupe.





НАЈНОВИ