BMW M Hybrid V8 во уметничкото издание е подготвен да ги пречека 24 часа Lе Маns

20-тиот BMW Art Car ја прослави својата светска премиера во Центарот Помпиду во француската престолнина Париз…

Меѓународно познатата њујоршка уметница Џули Мехрету (Julie Mehretu) го дизајнираше #20 BMW M Hybrid V8, кој ќе се натпреварува на 24 часа Lе Маns (FRA) на 15/16 jуни, како „перформативна слика“ базирана на едно од нејзините уметнички дела.

На настанот со неколку стотици поканети гости присуствуваа и Оливер Зипсе (Oliver Zipse) , претседател на Управниот одбор на BMW AG и Илка Хорстмајер (Ilka Horstmeier), членка  на Управниот одбор на BMW AG.

 





НАЈНОВИ