Bricklin 3 EV

Bricklin 3 EV е двосед за кој се тврди дека „комбинира достапност, вредност, безбедност, луксуз, перформанси и драматични врати во стилот на ножички во револуционерно електрично возило со три тркала“…

Возилото беше најавено уште во 2020 година, а ќе го произведува Visionary Vehicles, која ветува „одлични перформанси“ заедно со „луксузно возачко искуство“.

Оригиналниот Bricklin SV1 беше создаден од американскиот претприемач Малколм Бриклин (Malcolm Bricklin) преку неговата компанија General Vehicles. Се произведувал во Канада, почнувајќи од средината на 1974 година. Производството престана помалку од две години подоцна, главно поради недостаток на финансии.

Малколм Бриклин потоа се фокусираше на доведување на брендовите Subaru и Yugo во Северна Америка, заедно со индивидуалните модели на автомобили како што е Bertone Х1/9. Сега, на 50-годишнината на SV-1, доаѓа Bricklin 3EV.

Се споменува опсег од 443 km и повеќе за 3 EV, но спецификите во врска со брзината на полнење, тежината на возилото или погонската група не се познати.

Во брифот за вести, се вели дека возилото е долго 4663 mm и има меѓуоскино растојание од 2700 mm.

Компанијата наведува дека 3 EV има, меѓу другото, head-up дисплеј, електрично загревање на седиштата, премиум аудио систем, како и најсовремен екран на допир со интуитивни контроли.

Visionary Vehicles вели дека 3 EV ќе има почетна цена од 28.980 долари. Надградената верзија, наречена 3 EVX, ќе започне од 38.980 долари, но сè уште нема информации кога би можело да започне производството.





НАЈНОВИ