Yenko/SC Corvette C8

Најновата креација на Specialty Vehicle Engineering е Chevrolet Corvette C8 со импресивно моќно ергеле од 1000 коњски сили…

Yenko/SC Corvette C8 е придвижуван од 6,2-литарски LT2 V8 мотор со двоен турбо полнач кој произведува дури 1.000 КС и е поврзан со надграден осум-брзински менувач со двојна спојка за да се справи со дополнителната моќност.

Внатрешноста го содржи логото на компанијата, извезено на потпирачите за глава и патосниците.

Компанијата ја нуди Corvette со 1000 КС во Coupe и Cabriolete верзии, а моделот е достапен во која било фабричка Corvette боја.

Има дополнителна графика, список со опции за јаглеродни влакна, црвени клешти на сопирачките со ознака Yenko (клиентите можат да изберат друга боја при овој детал), сребрени или црни издувни цевки и неколку комплети тркала со големини од 19 и од 20 инчи.

Само 10 примероци од моделот Yenko/SC Corvette се планирани за моделската 2024 година, но бројката ќе се зголеми на 50 автомобили во наредната 2025 година.

Претходна
Следна




НАЈНОВИ