Сопствениците на електрични возила наведуваат дека има уште многу важни промени кои треба да се направат

„А при тоа има многу работи што под итно би требало да се подобрат а некои пред се“….

Сакале или не, електричните автомобили се иднината на автомобилската индустрија. Но, судејќи според досегашните искуства на сопствениците на електрични возила, има уште многу важни промени, oодносно подобрувања што би требало да се направат.

Како што пренесуваат информативните агенции, во тема пласирана и на социјалната мрежа Facebook, корисниците биле прашани што би промениле кај електричните автомобили, а тоа предизвикало голем број одговори.

Некои ги бранеа електричните возила, а други ги искажаа своите забелешки и предлози за подобрување, пишува Unilad.com..

Коментарот за кој се согласи мнозинството е пред се – „Tежината односно Масата на електричните “!

Сè друго може да се направи како што треба – ако решат да ја намалат масата на автомобилите на струја’.

Другите се согласија со таа констатација (забелешка): ‚Нека бидат полесни. Би сакал да имам автомобил со тежина на Mazda MX-5 што ќе можам да го фрлам на патеката“, се вели во коментарот.

Третиот повтори: „Тежината. Помалата тежина го прави целото искуство во возењето подобро, вклучително и управувањето, сопирањето, минувањето низ свиоците… Вака ми се чини дека сите електрични автомобили се тешки како големите SUV модели.

Некои сопственици најдоа поинаков приговор: „Инфраструктура!

Електричните автомобили се добри, но недостатокот на сигурна, достапна инфраструктура за полнење со голем капацитет ги прави несоодветни за секој што сака долги патувања или патувања во дивината.

Ако инфраструктурата за полнење беше богата и доверлива како бензинските пумпи – 90 проценти од проблемот ќе беше решен.

Други најдоа поубави зборови за електричните возила.

Еден возач рекол: „Не би менувал ништо. Го сакам мојот електричен автомобил. Воодушевен сум и после 44 години возење бензински и дизел автомобили. Нема да им се вратам’.

Друг додаде: „Возам електричен автомобил секој ден веќе пет години и искрено – не би променил ништо. Па, ако треба да сменам нешто, тогаш би било ’кул’ ако можам да го зголемам звукот на моторот’, заклучува еден од коментаторите.

 





НАЈНОВИ