BYD Shark

Новиот кинески пикап модел BYD Shark е заснован на DMO платформата на компанијата, каде што „DM“ означува Dual Mode (хибрид), а „O“ е ознака off-road…

Значи, ова не е целосно електричен пикап, туку plug-in хибриден модел, со комбинација од 1,5-литарски турбо бензински мотор и два електрични мотори (комбинирана моќност од 430 КС).

Батеријата од 30 kWh нуди електричен досег од 100 km, но според стариот европски NEDC стандард.

Комбинираниот опсег достигнува 840 km, забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 5,7 секунди, додека максималната брзина е ограничена на 160 km/h.

Што се однесува до димензиите, Shark е долг 5457 mm, широк 1971 mm, висок 1925 mm и растојание помеѓу оските од 3260 mm.

Волуменот на товарниот простор е 1450 литри, а носивоста е 835 кг.

BYD Shark има кокпит во кој доминира централен екран од 12,8 инчи. Друг LCD екран од 10,25 служи како дигитална инструмент табла, а има и 12-инчен head-up дисплеј.

Дел од опремата вклучува шест воздушни перничиња, камера од 360 степени, адаптивна темпомат, автоматско сопирање во итни случаи, помош за задржување лента…

 





НАЈНОВИ