Citroen навистина продава ваков Jumper, односно Jumpers

Знаете ли зошто се поврзани двете кабини?!…

Citroen го продава Jumper во верзија back-to-back, која има два предни краја свртени еден од друг. Секоја од двете кабини доаѓа со сопствена погонска единица, што значи дека технички возилото може да се вози во двете насоки. Шасијата е споена со привремена структура, доволно силна за да ги држи заедно колку што е потребно.

Зошто Citroen произведува вакво возило, односно возила? Поради поедноставување на логистиката, пренесуваат специјализираните портали. На некои клиенти, како што се RV компаниите, им треба само предниот дел на секое возило како основа за нивните проекти. Ако ги нарачате во конфигурација 2-во-1, се намалува времето и трошоците за испорака. Затоа Citroen спојува две возила, кои подоцна лесно се одвојуваат.

Моделот Back to Back е достапен со два 2,2-литарски BlueHDi турбодизел мотори со четири цилиндри со по 140 КС. Силата се испраќа до предните тркала преку шест-брзински мануелен менувач. Цените за Citroën Jumper Back to Back започнуваат од околу 40.000 евра.

 





НАЈНОВИ