Dacia ја отвори книгата за нарачки за новиот Duster

Dacia отвори нарачки во својата татковина (Романија) за третата генерација на Duster со цена од 18.800 евра за основна (базен) модел…

Презентиран на крајот на февруари, на салонот во Женева, новиот Dacia Duster ќе се продава во три (можеби дури и четири) нивоа на опрема – Essential, Expression, а највисокото ниво ќе биде поделено на две различни, но комплементарни варијанти, Extreme и Journey, достапни по иста цена.

Моделот е достапен во три варијанти на мотори: ECO-G 100, со комбиниран погон на бензин и ТНГ, TCe130, кој комбинира нова генерација 1,2-литарски турбо бензински мотор со „благ“ (mild) хибриден напонски систем од 48V и HYBRID 140 ( веќе присутен во моделот Jogger), во комбинација со автоматски менувач.

Цените започнуваат од 18.800 евра (со  ДДВ што важи во Романија) за верзијата Essential ECO-G 100 и одат до 26.650 евра (со ДДВ) за верзиите Extreme и Journey опремени со моторот HYBRID 140.

Клиентите исто така ќе можат да нарачаат Dacia Duster онлајн, со верзиите Journey и Extreme достапни на платформата за е-трговија Dacia Romania.

Првите испораки до клиентите се очекуваат кон средината на годината. Претходно, на 4 јануари 2024 година, Daciа објави ценовник и им понуди 200 автомобили на нарачателите.

Подоцна, по завршувањето (продавањето) на 200 нарачки, другите заинтересирани мораа да чекаат до денес за да го направат истото.

Пред да го отвори каталогот за нарачки во Романија, Dacia направи слично нешто, на почетокот на март, на главните европски пазари во Германија, Франција, Италија и Шпанија.

Во Франција најприфатливата варијанта на автомобилот Essential има минимална цена од 19.690 евра.

Автомобилот е опремен со мотор ECO-G од 100 КС и погон на предните тркала.

Во Германија моделот Dacia Duster може да се купи по минимална цена од 18.950 евра (Essential, ECO-G).

На италијанскиот пазар автомобилот е достапен по основна цена од 19.700 евра и за Essential ECO-G, а истата варијанта на опрема чини најмалку 19.290 евра.





НАЈНОВИ