Dongfeng M-Hunter

Претстојниот автосалон во Пекинг ќе биде и место за промовирање на новото кинеско off – road возило Dongfeng M-Hunter….

M-Hunter доаѓа од брендот Mengshi Technology на Dongfeng и е нивниот втор off road модел, по моделот M-Hero 1 кој беше претставен минатата 2023 година.

Како што е најавено, ова ќе биде едно од најспособните теренски возила понуден во продажба, но и едно од најскапите.

Имено, кинеските медиуми ја споменуваат очекуваната почетна цена која надминува еден милион кинески јуани (или пресметано во европска валуте, околу 130.000 евра).

Возилото нема врати или шофершајбна, но има црвен тркалачки (заштитен кафез) и хоризонтални шипки наместо врати, лесна хауба од јаглеродни влакна, LЕD фарови, црвени куки, вител (макара за влечење или само – извлекување), големи тркала со гуми за каллив терен, багажник на покривот и две резервни тркала на задната страна.

Засега нема други детали, но се претпоставува дека M-Hunter би можел да се продава како целосно електричен модел или како EV со продолжен опсег како кај моделот M-Hero 1





НАЈНОВИ