DS 3 Hybrid & DS 4 Hybrid

Во тековната 2024 година, брендот DS Automobiles интензивно ќе ја забрза својата енергетска транзиција…

Пред лансирањето на најновите 100% електрични модели, францускиот бренд со богато наследство, ќе претстави нови електрифицирани решенија за моделите DS 3 и DS 4.


За корисниците на хибридни возила, марката DS Automobiles разви хибридна технологија на автоматско полнење која, во споредба со бензинскиот мотор, овозможува удобно возење, енергетска ефикасност и помали оперативни трошоци.


Овој тип на систем ги ослободува корисниците од сите ограничувања при полнење.
Управувањето со батеријата е целосно автоматизирано, бидејќи се полни и празне додека возите и секако (што е и најважно) без да се поврзете на станица за полнење.

Удобност благодарение на транспарентната технологија

Стартувајте го возилото и во првите неколку метри возете потполно тивко на струја и без ниту грам емисија на CO2, но кога ќе се појави потреба за поголемо оптоварување (напрегање), користете го бензинскиот мотор. Хибридниот модел користи два вида енергија за да обезбеди исклучителна удобност при возењето и висока ефикасност.
Поради можноста за возење само на електричен погон, возилото работи многу тивко, и нуди ненадмината удобност и навистина тивко возење. Со хибридно возило можете да покриете повеќе од 50% од градот со електричен погон, со што ќе заштедите до 40% од горивото.


Кога возите надвор од градот, комбинираниот бензин и електричен погон обезбедуваат поголема ефикасност и флексибилност. Електричниот мотор обезбедува дополнителни ниски вртежи во минута и дополнителна моќност при нагло забрзување за зголемени перформанси и помала потрошувачка на гориво.


HYBRID системот е дизајниран да работи целосно независно. Благодарение на бензинскиот мотор, батеријата автоматски се полни додека возите, без потреба да се приклучува кабелот и да се чека да се полни. Бидејќи фазите на забавување се автоматски контролирани за да се овозможи враќање на енергијата, употребата на механичкиот систем за сопирање, а со тоа и емисијата на ситни честички прашина, исто така се значително намалени.


Тивкото работење во градот е од корист за животната средина и локалните жители. За безбедност на пешаците, при брзина до 30 км/ч, се активира мек звучен сигнал (AVAS – Approaching Vehicle System Alert) кој предупредува на возило што се приближува.
Во споредба со DS 3 PureTech 130 Automatic, можеме да зборуваме за речиси 20% поголема ефикасност (помалку од 1,2 литри гориво на 100 km) и помали емисии на CO2 (27 грама или 19% помалку по километар), што изнесува 112 грама CO2 по километар (хомологиран WLTP циклус за комбинирано возење), што го ослободува DS 3 HYBRID од плаќање на еколошки малус во Франција. Во градот потрошувачката на гориво е намалена за цели 38%.


Во споредба со хомологираните вредности според комбинираниот WLTP циклус, потрошувачката на гориво на возилото DS 4 е дури 16% помала (1,1 литри помалку гориво на 100 km), додека емисиите на CO2 се за 15% или 21 грам помали (116 грама на CO2 на километар). DS 4 HYBRID (без опции) е исто така ослободен од плаќање на еколошки малус (давачка) во Франција. Во градот потрошувачката на гориво е намалена за цели 39%.


Компонентите на хибридниот систем, кои се наоѓаат под хаубата на моторниот простор и во подот, не влијаат на просторноста на патничката кабина и волуменот на багажникот, кои се сосема исти како кај бензинската верзија.

Хибрид за самополнење за максималeн комфор

Хибридната верзија е опремена со бензински мотор од 136 КС и 230 Nm, кој е опремен заедно со нов 6-брзински мануелен автоматски менувач со двојна спојка, а има и електричен мотор од 21 kW/28 КС и 55 Nm. Електричниот систем за самополнење се напојува од NMC литиум-јонска батерија со капацитет од 0,9 kWh.
Бензинскиот мотор со хибридниот систем е најважната надградба на актуелната понуда. Трицилиндричниот мотор од 1.199 cm3 развива 136 КС и 230 Nm, кој е достапен веќе со 1.750 вртежи.


Оваа нова верзија работи според циклусот Милер (Miller), кој обезбедува поголема термодинамичка ефикасност и значително намалување на потрошувачката на гориво и емисијата на CO2.
Моторот е опремен и со нов назабен (ребраст) ремен и нов турбополнач со променлива геометрија, кои овозможуваат оптимална издржливост и подобра реакција при ниски вртежи.


Новиот e-DCS6 6-брзински менувач со двојна спојка вклучува синхрон електричен мотор со постојан магнет кој има 21 kW/28 КС и 55 Nm, така што при мали брзини и умерени оптоварувања возилото може да работи само на електрична енергија. Кога забавува, електричниот мотор делува како генератор, ја враќа кинетичката енергија и ја полни батеријата од 0,9 kWh вградена во подот.


Системот исто така лесно обезбедува енергија за стартување на бензинскиот мотор.
Менувачот e-DCS6, исто така, придонесува за удобноста и ефикасноста на хибридот. Ги ограничува прекините на вртежниот момент и дава чувство на исклучително непречено возење. Вградува електричен мотор, конвертор и компјутер за заштеда на простор и намалување на тежината.


Во споредба со моторот PureTech 130 Automatic, DS 3 забрзува од 0 до 100 km/h за 1,2 секунди. порано, односно за 8,4 секунди, а за 1000 метри од место му требаат 1,1 секунда. повеќе или помалку 29,7 сек.
DS 4 е исто така подобрен во споредба со моторот PureTech 130 Automatic бидејќи забрзува од 0 до 100 km/hза 10,4 сек. (1,2 сек. порано), а 1000 метри од место поминал за 31,7 сек. (1,3 секунди порано).

Поддршка на возачот за ефикасно возење

Кога возилото непречено се префрла од бензински на електричен мотор, додека вози, тоа го предупредува возачот со сино обоена на покажувачот, вредност на брзината.
Дигиталната табла со инструменти може да ги прикажува тековите на енергија, нивото на полнење на батеријата и работниот статус со мерач на моќност.

Процентот на растојанието поминато со електрична енергија се прикажува на патниот компјутер, а исто така и на крајот од патувањето, така што можете потполно да ја следите ефикасноста во возењето.


Со цел возачите да можат што поефикасно да го користат овој хибриден систем, секој купувач на ново возило DS 3 HYBRID и DS 4 HYBRID ќе биде детално претставен при испораката.


Целта е да им се овозможи на сите да ја максимизираат удобноста и ефикасноста при возењето.





НАЈНОВИ