Електрична Lada e-Niva

На меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, рускиот производител на автомобили Lada, меѓу другото, ја прикажува и електричниатa Niva Travel како исчекор во иднината…

Како што е наведено, Lada e-Niva е експериментална верзија, која со својот различен преден дел навестува како ќе изгледа идниот редизајн на стандардниот модел со мотор со внатрешно согорување.

Под хаубата на e-Niva се наоѓа електромотор со 120 kW/163 КС, додека со едно полнење на батеријата од 34 kWh може да се поминат според актуелните стандарди повеќе ид скромни 175 километри.

Во таа насока се и перформансите: Забрзувањето до 100 km/h трае 9,6 секунди, а максималната брзина е 150 km/h.

Погонот е на сите четири тркала е задржан, а исто така како посебен бонус, се  наведува и податокот дека блокадата на диференцијалот се задржани што е елемент што особено ќе ги израдува вистинските поклоници на hard core теренските возила.





НАЈНОВИ