Расте продажбата на кинески електрични возила во Европа

Продажбата на кинески електрични автомобили (Е V) во Европа за првите четири месеци од 2024 година се зголеми за 23 отсто на годишно ниво, на 119.300 возила, објави Financial Times (FТ)…

Повеќе од половина од овие возила, поточно 54 проценти, се возила од западни марки како што е Tesla кои се произведени во Кина, додека останатите се претставени со кинески марки.

FILE PHOTO: Visitors film around Xiaomi’s first electric vehicle, the SU7, displayed at an event in Beijing, China December 28, 2023. REUTERS/Florence Lo/File Photo

Европските власти се загрижени дека прекумерниот увоз на електрични возила ќе ја загрози локалната индустрија и работните места, а Брисел покрена истрага за кинеските ЕV, бидејќи се сомнева дека нивниот развој е поттикнат од „неправедните субвенции“ од Пекинг.

Резултатите од истрагата ќе бидат познати во есента 2024 година.

Дополнително, Европската унија размислува да ги зголеми увозните давачки на кинеските електрични автомобили од сегашните 10 на 20 отсто, но овој потег ќе им наштети не само на Пекинг, туку и на европските купувачи на електрични возила, пишува порталот Oilprice.

На 27 мај, на состанокот со колегите од земјите од Групата седум (Г7), францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер изјави дека целата светска економија е во опасност да биде презаситена со евтин кинески извоз, објави Bloomberg..

Претседателската администрација на Џозеф Бајден на 14 мај објави дека Соединетите Држави ќе воведат високи нови царини за широк спектар на производи увезени од Кина, како што се полупроводници, батерии, соларни ќелии или критични минерали.

Почнувајќи од оваа година, претседателот Џозеф Бајден четирикратно ќе ги зголеми царините за увезените кинески електрични возила, од 25 на 100 проценти.





НАЈНОВИ