Fisker на вработените им ги нуди речиси за бадијала своите автомобили

Американскиот Fisker имаше планови да стане еден од најголемите светски производители на електрични автомобили, но поради големите проблеми со квалитетот на SUV моделот Ocean, се пропадна и Fisker сега се соочува со банкрот и згаснување…

За да продадат барем нешто, пред неколку месеци речиси ги преполовиле цените на своите автомобили, но тоа не ја зголемило премногу продажбата и производството морало целосно да се прекине и веројатно нема да почне повторно.

Fisker се уште има солидна залиха на непродадени автомобили и сега се обидува да се ослободи од нив нудејќи им ги на вработените за помалку од една третина од почетната цена, пренесуваат новинските агенции.

На Reddit неодамна беше споделена копија од е-пошта што Fisker ја испрати до својот персонал. Во пораката се вели дека вработените можат да нарачаат Ocean One, Ocean Extreme или Ocean Ultra за само 20.000 американски долари.

Моделот Ocean One беше првата верзија понудена во САД и на почетокот на продажбата чинеше 68.999 долари, Ocean Extreme првично беше со цена од 61.499 долари, а Ocean Ultra имаше цена од 52.999 долари, па јасно е колку се огромни овие попусти.

Иако купувањето на луксузен голем електричен SUV со толку голем попуст звучи како добра зделка, сомнително е дека вработените ќе ја искористат понудата. Колку може да биде ризично купувањето, потврдува и фактот што Fisker забележува во е-поштата дека „не дава никакви информации за тоа каква гаранција ќе биде достапна во иднина и дали ќе бидат достапни услуги, делови и/или ажурирања “.

Дека купувањето на нов Оcean, дури и по толку намалена цена, не е најпаметната одлука, потврдуваат и цените на користените (половни) примерци.

Поради претходните попусти и криминалниот квалитет, Ocean губи половина од вредноста по само два месеци!

Неизвесната иднина на компанијата дополнител уште повеќе ги влошува работите.

Во секој случај, иднината е многу мрачна за компанијата Fisker.

Имено, oд почетокот на оваа година акциите станаа речиси безвредни, па беа отстранети од берзата, компанијата доцни со исплати на кредити и камати, а згора на сето тоа и австриската компанија Magna Steyer, каде што се произведуваше автомобилот престана со производство.

На тоа се надоврузва и податокот дека австриската филијала на компанијата банкротираше, а компанијата е под истрага и во САД поради потенцијално неисправни сопирачки.

По сето ова се чини дека сега останува само да чекаме да дојде до банкрот, или пак да се случи некое чудо што може да ја спаси компанијата.

 





НАЈНОВИ