Tesla нема да го лансира освежениот Model Y оваа година

Tesla нема да лансира освежен Model Y оваа 2024 година, изјави извршниот директор Илон Маск во објава на социјалната мрежа X пласирана минатата саботата…

„Оваа година нема да излезе „освежување на Model Y “, рекол Илон Маск (Elon Musk), додавајќи дека Tesla континуирано ги подобрува своите автомобили, „така што дури и автомобил што е 6 месеци понов ќе биде малку подобар “.

Теslа бавно ги освежува своите модели бидејќи високите каматни стапки го намалија апетитот на потрошувачите за скапи артикли, додека конкурентите во Кина, најголемиот светски пазар на автомобили, продаваат поевтини модели.

Глобалните испораки на возила на производителот на автомобили паднаа во првиот квартал за прв пат по речиси четири години.

Минатата 2023 година reuters објави напис дека Tesla се подготвува да го обнови производството на Model Y со цел да започне со производство во оваа 2024 година.





НАЈНОВИ