Ram 1200 базиран на Fiat Titano

Во Јужна Америка, Stellantis наскоро ќе ја прошири својата палета на pick – up возила со новиот модел – Ram 1200…

За почеток, Ram 1200 е сестрински модел на pick – up возилата (камионети) со средна големина, односно на Fiat Titano и Peugeot Landtrek (најголемата разлика е големата предна табла со натпис Ram), а ќе биде достапен во верзии Single Cab и Double Cab.

Официјалните димензии на Rama 1200 не се достапни, но Fiat Titano е долг 5331 mm во конфигурација со двојна кабина.

Сите верзии на Рама 1200 ќе имаат 2,4-литарски бензински турбо мотор со моќност од 154 kW/210 КС и 320 Nm максимален вртежен момент, во комбинација со шест ( 6) -брзински мануелен или шест (6) -брзински автоматски менувач на брзини.

Тој е со погон на задните тркала, освен врвниот Ram 1200 Laramie, кој има погон на сите четири тркала (4×4).

Основната Tradesman Regular Cab нуди носивост од 1200 kg и капацитет на влечење од 3000 kg.

Цените на пазарот во Мексико се движат од 26.729 до 40.206 американски долари, во зависност од верзијата.

Инаку Ram 1200 се очекува да се појави во продажба веќе во наредниот месец, во јуни, кога на пазарите во Латинска Америка ќе се натпреварува со моделите како што се на пример Toyota Hilux, односно Chevrolet S10 Max или како што е  Nissan Frontier.

Како и да е на пазарите преку „Големата“ бара пристигнува сериозен играч во таму многу популарниот сегмент на камионет (pick – up) возила

 





НАЈНОВИ