Hongqi Guoya

Уште една од премиерите на овогодинешниот саем за автомобили во Пекинг е луксузниот седан Guoya, кој доаѓа од премиум брендот Hongqi во сопственост на државниот производител на автомобили FAW…

Hongqi Guoya ќе заземе место во гамата на брендот помеѓу моделите Hongqi H9 и Hongqi L5.

Guoya е долг 5353 mm, широк 1998 mm, висок 1511 mm и располага со меѓуоскино растојание од 3260 mm.

Дизајнот на предниот дел е позајмен од минатогодишното концептно возило Hongki E-LS, иако новиот седан има малку поинаква маска и изгледа поелегантно од концептот.

Се вели дека внатрешноста е дизајнирана строго и модерна, а само хромираниот лак на воланот ја покажува врската помеѓу Guoy и Hongqi L5.

Guoya ќе биде достапен со хибридни погонски единици кои вклучуваат 3,0-литарски V6 и 4,0-литарски V8 мотор.

Продажбата во Кина ќе започне кон крајот на оваа 2024 година, а цената се уште не е објавена.





НАЈНОВИ