Hyundai воведува paywall

Hyundai најавува карактеристики на барање (Features-on-Demand -FODs), што е маркетинг жаргон за платени надградби…

Најавата за дополнително плаќање за отклучување на пристапот до веќе инсталираниот хардвер во автомобилот следи по основањето на Hyundai Connected Mobility во Европа минатиот месец Април, тековнава 2024 година.

Јужнокорејската автомобилска марка не даде детали за карактеристиките што може да се блокираат, но рече дека и постарите автомобили би можеле да имаат корист од ова.

Маркус Велц (Marcus Welz), директор на Hyundai Connected Mobility, изјави за Autocar дека ќе биде можно да се надградат постарите автомобили со нови функции.

Еден пример е ажурирање на софтверот за подобрување на перформансите на постоечкиот хардвер. На пример, постар Hyundai EV може да биде поефикасен со дотерување на неговите електрични мотори и батерија. Една од можностите е да се надгради софтверот на сензорот.

Како што потсетуваат информативните агенции, BMW и претходно беше мета на критики за заклучување на загреаните седишта зад платниот ѕид (односно барање за плаќање на „отклучување“ на пристап на хардверот за истата опција).

Слично беше и со Mercedes, кој ги заклучи напредните поставки на воланот на задното тркало.

Исто така и Audi го направи тоа со двозонска контрола на клима уредот во автомобилот.

Автомобилскиот конгломерат Stellantis проценува дека претплатите и FODs ќе бидат голем извор на приходи. Автомобилскиот конгломерат со 14 марки мисли дека ќе заработува дополнителни 4,3 милијарди долари годишно до 2026 година. Се предвидува дека таа сума ќе достигне 21,5 милијарди долари до 2030 година со „понуда на производи овозможени со софтвер“.

Сепак, не сите брендови одат во оваа насока.

Дека некои производители на автомобили размислуваат и во спротивна насока“ потврдува потегот на романскиот производител на автомобили Dacia која го исмејуваше BMW и неговата сега веќе непостоечка претплата за греење на седиштата нудејќи им шишиња со топла вода на луѓето за тест-возење.





НАЈНОВИ