Jeep подготвува електричен модел со пристапна цена

Извршниот директор на Stellantis, Карлос Таварес, откри дека прифатливиот електричен Jeep од 25.000 американски долари ќе биде понуден во САД „многу наскоро“…

Кaрлос Таварес (Carlos Tavares) не кажува многу за прототипот на автомобилот, но CNBC известува дека тој е дизајниран да го имитира успехот на Citroen e-C3. Тој модел на Citroen започнува со цена од 23.300 евра (25.165 долари) во Франција и има електричен мотор мочен од 83 kW/113 КС, како и батерија со капацитет од 44 kWh која обезбедува опсег според WLTP цилусот од 320 km.

Говорејќи на конференција за инвеститори, Таварес зборуваше за достапноста и рече: „Ако ме прашате што е прифатлива BEV, би рекол 20.000 евра во Европа и 25.000 долари во САД.

Значи, нашата работа е да понудиме безбеден, чист и достапен BEV во САД за сума од 25.000 долари. Ние нема да го направиме тоа“.

Нема точна временска рамка кога ќе пристигне тој модел, но Jeep ќе го понуди со Wagoneer S пред тоа.

Како што беше споменато, се чини дека Jeep нема да го понуди Avenger во Америка, бидејќи компанијата претходно сугерираше дека моделот е дизајниран за Европа, како и за пазари како Јапонија и Јужна Кореја.

 





НАЈНОВИ