Откажан салонот за автомобили во Женева

По 119 години, салонот за автомобили во Женева е мртов!!!

Организаторите денеска на facebook објавија дека овој настан во Швајцарија се откажува „поради тековните предизвици во индустријата и конкуренцијата“.

Настанот се соочи со тешки предизвици од почетокот на пандемијата COVID-19 пред повеќе од четири години. Коронавирусот го откажа шоуто во 2020, 2021, 2022 и 2023 година. Кога се врати оваа година, присуствуваа само неколку производители на автомобили. Организаторите започнаа последователно шоу во Катар во 2023 година, кое сега е потврдено дека ќе продолжи (се враќа следната година, од 27 ноември до 6 декември).

Женева беше домаќин на саемот за автомобили за прв пат во 1905 година. Овој значаен настан беше место за промоција на некои од најпознатите иконски автомобили во индустријата. Jaguar E-Type, Porsche 917, Audi Quattro, Bugatti Chiron и Porsche 918 Spyder Concept беа само дел од автомобилите кои дебитираа во Женева. Lamborghini го најави Countach со промоција на концептот LP500, а Женева беше домаќин и на претставувањето на LaFerrari пред повеќе од десет години…





НАЈНОВИ