Кинески производител фрли автомобил од 32 метри

Едно од кошмарните сценарија за многу возачи е „слртувањето“ со својот автомобил од карпа….

Иако тоа ретко се случува во секојдневниот живот, кинескиот производител на електрични автомобили Chery одлучи токму на тој начин да го тестира својот Chery Exeed Exlantix ET.

Имено, Кинезите со кран го кренале автомобилот на висина од 32 метри и го испуштиле во слободен пад.

Автомобилот паднал и со предниот дел удрил во земјата. Тестот за паѓање е екстремна проценка за безбедноста на автомобилот која симулира што би се случило доколку возилото падне од карпа.

Може да ја тестира структурната цврстина и способноста да ги заштити патниците во екстремни услови на судир, пренесуваат информативните агенции од регионов…

На видеото се гледа дека предниот дел од автомобилот е смачкан, но патничкиот простор не е премногу оштетен.

Се чинеше дека и вратата можеше да се отвори нормално (подобро речено без некои поголеми потешкотии).

Chery Exceed Exlantix ET е водечки целосно електричен SUV на марката. Цените се движат од 199.000 до 329.000 кинески јуани ( односно од 25.500 до 42.200 евра).

Автомобилот користи батерија Shenxing од CATL која има домет од 400 km по десет минути полнење.





НАЈНОВИ