Толту Моторс најавува пристигнување на новите модели Way и Ora!

Генералниот застапник на брендовите Great Wall и Haval – Толту Моторс најавува дека за многу кратко време јавноста ќе има можност во живо да се запознае со моделите на Way 03 и 05, како и електричниот Ora 3…

Way и Ora се брендови во групацијата на Great Wall кои веќе некое се присутни на европскиот пазар.

Тимот на Толту Моторс во текот на месец Април веќе имаше можност да се запознае со моделите, а пристигнувањето на нашиот пазар е резултат на нивната посветеност кон иновација и квалитет, со цел да ги задоволи потребите на клиентите.

Моделите Way 03 и Way 05 се врвни примери за современи автомобили, со уникатен дизајн и напредни технологии кои ќе ви обезбедат безбедност, комфор и задоволство при возењето.

Тие се врвен избор за сите кои го бараат перфектно соединение помеѓу луксуз, перформанси и функционалност.

Малиот Ora 3 пристигнува како симбол на елеганција и иновација во светот на електричните возила. Со својот напреден дизајн и високи перформанси, Ora 3 е идеален избор за сите кои го ценат одржливото возење и модерниот стил.

Толту Моторс ќе ги сподели датумите кога моделите ќе бидат достапни за возење, каде што нивните стручни тимови ќе бидат на располагање за секакви прашања и совети.

За сите дополнителни информации, може да ги контактирате на 02 2655 655, 075 432 200 или пак да ја посетите нивната веб страна www.greatwall.com.mk

 

 





НАЈНОВИ