Кинескиот електричен автомобил го помина тестот „северен елен“ со брзина од 90 km/h

Кинескиот автомобилски бренд IM Motors е на пат кон Европа, а првиот претставен модел е L6 кој ќе пристигне веќе во наредната 2025 година…

Во новото видео, можеме да видиме како тој го поминува таканаречениот  северен елен (лос) тест, со маневри за заобиколување на пречки, во кој возачите треба да поминат покрај (невидлив) лос што стои на средината на патот, односно три надолжни ленти со конуси. Ништо уникатно само по себе, ако не и за фактот дека IM Motors изведе заобиколен маневар со рекордна брзина.

Вообичаено, заобиколниот маневар се изведува со брзини од околу 70 km/h и тоа се смета за сосема прифатлив маневар и надвор од тие граници има малку автомобили кои можат да управуваат со маневарот без да изгубат контрола. Но, за IM L6 поминувањето на пречките го направил со брзина од 90,96 km/h и згора на тоа таа брзина за автомобилот не претставувала некој голем проблем. Тестот се смета за положен ако возилото го помине со 72 km/h, пренесуваат специјализираните портали.

Електричните автомобили од IM ќе имаат јасен фокус на напредната технологија во, меѓу другото, помош при возење, интелигентни и поврзани услуги за возачот и иновативни електрични мотори.

Покрај тоа IM L6 ќе се нуди и со погон на задните и со погон на сите тркала, а во својата врвна верзија би требало да забрзува од 0 до 100 km/h за помалку од три секунди.

Во однос на досегот со едно полнење на батериите се наведува дека истиот ќе биде помеѓу 600 и 800 километри, во зависност од верзијата (погонот на едната или на двете оски, но исто така и од капацитетот на батеријата).

Како и да е тоа е уште еден доказ за супериорноста на електричните автомобили од Кина во однос на конкуренцијата од Европа, Јапонија, Јужна Кореја, САД…

Во секој случај видеото со кое е опремена оваа информација заслужува да се погледне.





НАЈНОВИ