Кој болид победува при забрзување од 0 до 100 km/h, Formula Е или Formulа 1?

Formula Е ја претстави новата генерација на болидот GEN3 Evo, кој до 100 km/h треба да забрза за 1,86 секунди.

Автомобилите ќе имаат и погон на четири тркала и посебен режим на возење наречен Attack Mode, кој ќе се користи при претекнување.

Како што пишуваат специјализираните портали, новите болиди забрзуваат 36 отсто побрзо од претходната генерација, но и 30 отсто побрзо од денешните F1 болиди.

Болидите имаат максимална брзина од 321 km/h, а за да се справат со повисоки перформанси, болидите на Formulа Е добија нова генерација гуми од главниот спонзор Haankook.

Редизајнирана е и шасијата на автомобилот, со поагресивна и поцврста структура која подобро управува со отпорот на воздухот.

Новиот моќен систем за контрола на силата на сопирањето може да поврати речиси половина од потребната енергија за време на самата трка.

Развиен е и систем за брзо полнење за пит-стоп, кој ќе овозможи кратки застанувања за полнење од 600 kW кое ќе трае 30 секунди.

 





НАЈНОВИ