Колку точно енергија регенерираат електричните автомобили на надолнини?!

Електричните автомобили можат да повратат до 40 проценти од енергијата што се користи за време на возењето.,,

Ова го докажа новиот тест кој го спроведе германскиот автомобилски клуб (ADAC).

Благодарение на регенерацијата на електричниот мотор, енергијата може да се врати кога се вози по удолница и кога возачот ја пушта педалата за гас.

Колку ефикасно автомобилот може да ја регенерира енергијата зависи од многу фактори, како што се наклонот, електричниот мотор и батеријата, според специјализираните портали

На тестот, електричниот автомобил Dacia Spring се возел по дел на Алпите. Во еден правец, кој главно се состоеше од угорници, потрошувачката беше 26,3 kWh/100 km.

Но, во другата насока потрошувачката беше -7,1 kWh/100 km. BMW i7, тежок над 2,8 тони, трошеше неверојатни 59,3 kWh/100 km во еден правец, но -26,3 во другиот.

Најголемиот потенцијал за заштеда има во градскиот сообраќај, каде претходниот тест на организацијата Green NCAP покажа дека електричните автомобили можат да повратат повеќе од 30 отсто од искористената енергија.

Потрошувачка   во kWh/100 km

Автомобил      Угорнина      Надолнина

Spring Dacia         26,3          -7,05

Tesla Model Y       48,8          -17,6

BMW i7                  59,3         -26,3

 

 





НАЈНОВИ