Touring Arese RH95 Vento D’Oro

Италијанската Touring Superleggera го претстави спортскиот модел Touring Arese RH95 во 2021 година за да ја прослави својата 95-годишнина, основана е во 1926 година од Феличе Бјанки Андерлони (Felice Bianchi Anderloni)  и Гаетано Понцони  (Gaetano Ponzoni) …

Сега пристигна неговата нова верзија наречена Touring Arese RH95 Vento D’Oro („Златен ветер“).

Станува збор за автомобил долг 4782 mm со централно лоциран мотор, а некои медиуми јавуваат дека Ferrari 488 служел како основа.

Touring Superleggera Arese RH95 секако има сосема поинаков изглед во однос на гореспоменатото Ferrari, а треба да се напомене дека каросеријата е изработена од јаглеродни влакна.

Има и врати кои се отвораат нагоре, додека за погонот се грижи V8 твин-турбо моторот со 493 kW/670 КС и 760 Nm вртежен момент (спарен со седумстепен DCT менувач). Забрзувањето до 100 km/h е 3,0 секунди, додека максималната брзина е 330 km/h.

Овој конкретен пример содржи интересни детали, вклучително и акценти на златни листови кои го красат неговото бело тело (бојата е наречена White Morning Frost).

Вистинско злато рачно се нанесува на различни панели на каросеријата, покривајќи го задниот дел на возилото. Има и 20-инчни тркала, чија двобојна завршница одговара на предниот сплитер, страничните прегради и задниот дифузор.

Истата тема продолжува и во внатрешноста, со златни акценти на бела кожа и тапацир од Алкантара.

Carrozzeria Touring Superleggera истакнува во соопштението дека посветува 5.000 часа на секој автомобил, нагласувајќи го прецизното внимание на деталите својствено за овие проекти.

Цената на овој примерок не е објавена, но се знае дека стандардниот Arese RH95 имаше почетна цена од 1,58 милиони евра, вклучувајќи ја и цената на автомобилот донатор.





НАЈНОВИ