Manhart MH8 5.0 V8

Станува збор за BMW E31 Series 8 со мотор E39 M5 V8 исто така од богатото наследство на Баварците и нивниот перформанс оддел „М“, се разбира преработен и подобрен од страна на познатата германска тјунер куќа…

Германскиот тјунер Manhart повторно се обврза на оригиналната серија 8 на BMW (E31), објавувајќи пет обновени и изменети примероци.

Врвот на редизајнот E31 на Меnhart е инсталирањето на 5.0-литарски V8 мотор кој потекнува од BMW E39 M5.

Според тјунерот, моторот е подесен да произведува 309 kW/420 КС, испраќајќи ја силата на задните тркала преку шестстепен (6) мануелен менувач на брзини.

И покрај тоа што има четири цилиндри помалку, помодерниот V8 произведува дополнителни 88 kW/120 КС во споредба со оригиналниот V12 мотор.

Дополнително, спортскиот издувен систем од нерѓосувачки челик го подобрува звучното искуство и уживањето во октанската „арија“, нагласувајќи го „ниско – фреквентното татнеж“ на новиот погон.

Меnhart исто така додаде пружини H&R, амортизери Bilstein B6 и посилни сопирачки, а автомобилот вози на нов сет од тркала опремени со 20-инчни алуминиумски фелни.

Треба да споменеме и некои надворешни елементи од BMW 850 CSi, како и задниот спојлер и ретровизорите во стилот М одделот.

Автомобилот исто така беше префарбан како дел од тригодишниот проект за реставрација, додека кабината со распоред на седишта во консталација 2+2, беше обложена со кожа и алкантара.

MH8 5.0 V8 ќе се нуди во пет единици, а првиот примерок, прикажан на овие слики, чини 149.000 евра. Многу или не зависи од меракот што неговиот иден соптвеник го има.

 





НАЈНОВИ