Теslа доби клучно одобрение за проширување на фабриката во Германија

Теslа доби зелено светло да ја прошири својата германска фабрика во Груенхајде, во близина на Берлин, од локалниот совет и покрај протестите na зелените и еколошките организации, против плановите на американскиот производител на електрични возила…

Зеленото светло од советот на Груенхајд (Gruenheide), сепак, е само една од многуте пречки што Теslа мора да ги отстрани пред да започне со проширување за да додаде логистички простор, вклучително и железничка станица. Продолжувањето мора да биде одобрено и од локалните власти за животна средина.

Проширувањето е дел од плановите на американскиот производител на електрични возила да го удвои капацитетот на локацијата до 100 гигават часови производство на батерии и еден милион автомобили годишно, со што ќе доминира на европскиот пазар на електрични возила.

Екологистите и локалните групи стравуваат дека проширувањето на фабриката ќе го загрози снабдувањето со вода во регионот, бидејќи се наоѓа во заштитен простор за вода за пиење.

Пред салата каде во четвртокот се состанаа членовите на советот на Груенхајде под полициска заштита, демонстрантите држеа плакати со натписи „Луѓето над профитот“ или „Исклучи ја чешмата на Теslа“.

Теslа Motors веќе мораше да ги ревидира своите планови за проширување откако граѓаните на Груенхајде гласаа против нив во февруари – и сега треба да исече само 47 хектари шума, половина од првично планираната површина.

 





НАЈНОВИ