Mercedes-Benz повлекува 341.000 возила поради опасност од пожар

Од Mercedes-Benz повлкуваат 341.000 возила од моделите GLE и GLS, произведени во период од 2017 до 2023 година, поради опасност од пожар…

Mercedes-Benz утврди дека заземјувачката точка од 48 волти под совозачкото седиште на некои возила GLE и GLS може да биде „лабава“.

„Во овој случај, кабелскиот приклучок на заземјувачот нема да биде правилно прикачен. Ова може да го зголеми отпорот на електричниот контакт на оваа точка на поврзување. Како резултат на тоа, температурата во оваа област може да се зголеми поради големите електрични струи што може да тече низ оваа врска“, изјавија тие за агенцијата SТА во групата Емил Фреј (Emil Fray).

Затоа, како мерка на претпазливост, сервисната организација на Mercedes-Benz ќе го провери поврзување  направено со завртка на „папучката“ на заземјувачот во погодените со оваа неисправност  возила и ќе го поправи доколку е потребно.

Потребната проверка или поправка е бесплатна за клиентите и трае околу еден час, што значи дека нема да им одзее многу време во овластените сервисни салони на германскиот производител на премиум автомобили.

Купувачите на вклучените возила ќе биде замолени преку писмено известување да се договорат кога и во кое време да дојдат во најблискиот за нив овластен сервис, додаваат од компанијата.





НАЈНОВИ