Mercedes тестира хуманоиден робот во производниот процес

Mercedes во соработка со Apptronic тестира напреден хуманоиден робот во своите погони…

Според информациите на Apptronik, оваа соработка подразбира идентификација на работните места кои роботот би можел да ги работи во фабриката на Mercedes.

Во моментов се работи за пилот проект кој опфаќа релативно мал дел од производствениот процес.

Во својата објава, Џефрес Карденас (Jeffrez Cardenas), ко-основач и извршен директор на Apptronik, изјави дека Mercedes-Benz планира да користи роботска моќ и нивниот робот Аполо (Apollo) за автоматизирање на работните места за кои не се потребни квалификации и се физички тешки.

Целта е луѓето на такви позиции да се заменат со хуманоидни роботи способни секој пат да ги извршуваат тие (досадни) повторувачки задачи со ист квалитет. Работните места за кои „не се потребни квалификации“ значат, на пример, преместување на предмети од точката А до точката Б. Таквите работни места релативно лесно се автоматизираат.

Друга важна причина за користење на роботи за такви работни места е тоа што луѓето нема да се противат да бидат заменети на нив – тие ќе го гледаат тоа како помош, а не како закана за губење на работата.

 

Ваквата соработка меѓу Apptronik и Mercedes е добитна комбинација за двете компании. Apptronik ќе ги демонстрира способностите на својот робот во компанија која се смета за еден од лидерите во автомобилската индустрија, додека Mercedes ќе испрати сигнал до клиентите и акционерите дека активно се подготвува за иднината.

Доколку овој пилот-проект биде успешен, Mercedes најверојатно ќе нарача голем број роботи, со што Apptronik ќе биде водечка компанија за роботика во автомобилската индустрија.

Тоа е индустриска гранка која станува се поинтересна за инвеститорите.

Само во минатата година има раст на инвестициите во него од 675 милиони

американски долари, а се очекува растот да продолжи со уште побрзо темпо и во наредните години.





НАЈНОВИ