Млади возачи има се помалку

Најновата студија покажува дека денешните млади поретко полагаат возачки испити…

Студијата спроведена од MarketWatch Guides покажува дека бројот на возачи помлади од 19 години значително се намалува во САД. Од 2012 до 2022 година е забележан пад во дури 40 сојузни држави.

Најголем пад е забележан во Њујорк, каде бројот на млади возачи паднал за цели 49 отсто.

Во Америка можете да добиете возачка дозвола на 16 години.

Бројот на малолетни возачи кои се здобиле со т.н „целосна лиценца“ без ограничувања падна во споменатиот период за 8,7 отсто, објавуваат информативните агенции.

Официјалните податоци од FHA ( Federal Highway Administration -Федерална администрација за автопатишта) го сугерираат истото.

Според официјалната статистика, во 1983 година дури 80 отсто од 18-годишниците имале возачка дозвола, додека во 2021 година тој удел паднал на 60 отсто.

Уделот на 16-годишниците со дозвола падна од 46 на само 25 отсто.

Во Америка моментално се води дебата за причините за овој тренд кај младите потенцијални возачи.

Сите се согласуваат дека технологијата е главната причина, бидејќи во денешно време е многу полесно да се постигне забележително подобра комуникација, без да мора да се напушти удобноста на дневната соба.

Како друга причина, многумина го споменуваат постоењето на услуги за јавен превоз, како и новите транспортни услуги како што се Uber и Lyft.

Има и бројни поевтини лични транспортери, како што се електричните велосипеди, кои за многумина целосно ги задоволуваат потребите на секојдневниот превоз.

Конечно, една од поважните причини е поскапувањето на автомобилите, но и трошоците за сопственост. Поскапува осигурувањето, поскапува и горивото, а со зголемената сложеност на автомобилите, за многумина редовното одржување стана (пре)скапо.

Сите заедно дефинитивно укажуваат на тренд кој можеби сè уште не е забележлив во Европа, но многу веројатно ќе стане се повеќе и повеќе поизразен.





НАЈНОВИ