Xpeng има за цел да го испорача својот прв летечки автомобил за две години

Xpeng AeroHT, подружница на Xpeng, има за цел да го испорача својот летечки автомобил на клиентите во 2026 година, изјави копретседателот на кинескиот производител на електрични возила за CNBC…

Минатата година, Xpeng AeroHT го претстави Land Aircraft Carrier – пикап (камионет)  со електрично беспилотно летало со две седишта. Летечкиот автомобил може да се откачи од камионетот, а луѓето потоа можат да влезат во дронот (леталото) и да управуваат (летаат) со истото.

Брајан Гу (Brian Gu), копретседател на Xpeng, рече дека возилото ќе биде достапно за пред-нарачка оваа година, додавајќи дека компанијата се надева дека ќе го испорача единицата во 2026 година.

„Причината поради која сме уверени е затоа што го дизајнираме ова за употреба не во урбани центри, туку за периферии во живописни области каде … ќе работиме со општините за да создадеме паркови за летање и зони за летови кои ќе им овозможат на луѓето да уживаат во летањето. “, вели Гу.

Xpeng рече оваа година дека летечкиот автомобил моментално минува низ процес на сертификација кај кинеското воздухопловно регулаторно тело.

Временската рамка за 2026 година е малку подоцна од целта за испорака во Q4 2025 година, претходно најавувана од самиот Xpeng.





НАЈНОВИ