Вандали масовно ги уништуваат компресорите на Tesla

Супер полначите на Tesla станаа омилена мета на вандалите кои ги уништуваат од чиста беља (пакост), но и за мали финансиски интереси (ќар)!!!….

Тоа е масовен феномен: од 88 компресори во Калифорнија, 50 беа уништени, а пред неколку дена на истото место беа уништени дополнителни пет.

Повеќето напади на инфраструктурата за полнење ги вршат луѓе кои не сакаат електрични возила, а од неодамна крадците сакаат брзо да заработат со кражба на бакарниот материјал што се користи за поврзување на каблите, пишува Insideevs.

Суровините потоа се продаваат на компанија за рециклирање која им плаќа „многу малку“. Криминалците на овој начин можат да заработат најмногу 50 долари, а штетата на операторите за набавка и поставување на нови кабли за полнење се мери во илјадници долари, пишуваат информативните агенции.

Се разбира, не се работи само за финансиските трошоци на давателот на услугата. Штетата предизвикува големи главоболки и кај возачите на електрични возила кои кога ќе сфатат дека полначите се уништени, некако мораат да стигнат до следната дестинација каде што ќе го полнат автомобилот.

Една од главните причини зошто станиците за електрични возила се цел на напади е нивната локација. Полначите обично се поставуваат во области каде што циркулираат многу луѓе, како што се трговски центри, универзитетски кампуси, големи продавници, ресторани за брза храна, јавни паркови и така натам.

Многу луѓе поминуваат низ овие области во текот на денот, но тие се речиси пусти ноќе.

Поставувањето полначи по главните сообраќајни правци, како што се автопатиштата, може да ги направи помалку ранливи.

Експертите посочуваат дека би помогнало и доколку се постават повеќе полначи на добро осветлени места како што се бензинските пумпи кои ги следат камери со 24-часовен сервис.





НАЈНОВИ