На улиците на ЕУ над 250 милиони автомобили

На улиците на Европската унија (ЕУ) има се повеќе автомобили…

Според последните информации на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA), бројот на автомобили во ЕУ се искачи на 252 милиони автомобили.

Во 2018 година, на патиштата во ЕУ имало околу 240 милиони автомобили. Најизразен раст е забележан во Романија, каде бројот на патнички автомобили забележа раст на годишна основа од 3,3% до 7,9 милиони автомобили.

Најголем број патнички автомобили има во Германија, 49 милиони автомобили. Следува Италија со 40 милиони, па Франција со 39 милиони. Во ТОП 5 се пласираа Полска и Шпанија, а ниту една од другите земји не ја надмина границата од 10 милиони примероци.

Интересно е што електричните автомобили сочинуваат само 1,2% од вкупниот број автомобили на улиците на ЕУ. Во ЕУа има и 30,2 милиони комерцијални возила за испорака, од кои половина се наоѓаат во три земји – Франција, Италија и Шпанија. На улиците на ЕУ има и 6,5 милиони единици средни и тешки возила, како и повеќе од 720.000 автобуси, од кои половина се во Полска, Италија и Франција.





НАЈНОВИ