Рекорден кинески извоз на автомобили во април

Извозот на автомобили во Кина се зголеми на рекордно високо ниво во април, покажуваат најновите податоци…

Домашната продажба падна за 5,8% во споредба со претходната година поради зајакнувањето на ценовната конкуренција и претпазливоста на потрошувачите при трошење на големи артикли за време на несигурното економско закрепнување.

Извозот на автомобили, сепак, скокна за 38% на годишно ниво на 417.000 единици во април, продолжувајќи го силниот моментум од претходниот месец кој забележа пораст на извозот од 39%, соопшти Кинеската асоцијација за патнички автомобили (CPCA).

– Тековната антицубвенциска истрага на ЕУ против кинеските производители на автомобили го наруши и го притисна извозот на возила, но Кина активно ги истражува пазарите во Јужна Америка, Австралија и АСЕАН за извоз, рече Цуи Донгшу (Cui Dongshu), генерален секретар на асоцијацијата.

Трговијата на Кина со пазарите во развој продолжи да се подобрува, додека нејзината трговија со традиционалните пазари како Европа и Америка се префрли од пад кон раст.





НАЈНОВИ