Највен Хибриден BYD Shark

BYD потврди дека неговиот прв пик ап ќе се вика Shark, додека официјалната промоција ќе се одржи за неколку дена на саемот за автомобили во Пекинг…

Кинеската компанија, исто така, најави дека ќе воведе нов plug-in хибриден погон наречен DMO (dual-mode off-road) во новиот камионет, за кој се вели дека ќе ги оптимизира перформансите надвор од патот.

BYD допрва треба да ги открие техничките спецификации, но се очекува Shark да понуди погон на четири тркала и перформанси конкурентни на ривалите со целосна погонска технологина на мотори со внатрешно согорување,, како што е Toyota Hilux.

Постоечкиот погонски систем DM-i PHEV на BYD (кој се користи во SUV моделот Seal U) се одликува со 1,5-литарски бензински мотор со моќ од 106 КС, електричен мотор со моќ од 194 КС и батерија со капацитет од 18,3 kWh.

Исто така, BYD допрва треба да потврди дали Shark ќе се нуди и во целосно електрична верзија.

Сепак, Shark ќе биде достапен со двојна кабина, додека внатре се очекува екран на допир со големина од 15,6 инчи во дијаметар.

BYD ќе им го понуди Shark и на европските клиенти, што би требало да се случи на почетокот на следната 2025 одина.

 





НАЈНОВИ