Наскоро доаѓа обновениот Volkswagen Golf R

На почетокот на оваа 2024 година, Volkswagen го покажа фејслифтираниот Golf (вклучувајќи го и спортскиот Golf GTI), но не објави слики или детали за Golf R…

Обновениот Golf R со погон на четири тркала всушност е оставен за средината на оваа година, а како најава служат фабрички тизер слики од камуфлирани тест возила.

Покрај хечбек верзијата, Golf R ќе се нуди и во караван верзија Variant.

Како и стандардните Golf и Golf GTi, Golf R ќе претрпи одредени визуелни промени и модификации во внатрешноста, заедно со подобрени системи за помош на возачот.

Така, Golf R добива модифицирани браници и рафинирани светла, а веројатно и палета на нови бои и алуминиумски тркала.

Освен тоа, за Golf R се обезбедени врвни спортски седишта и спортски волан обложен со кожа, како и повпечатлив аеро-тело кит, изменета суспензија, посилни сопирачки и спортски издувен систем.

Овде треба да се потсети дека внатрешноста на обновениот Golf го истакнува враќањето на класичните копчиња на воланот, покрај новиот екран на допир (од 10,4 инчи кај основните верзии и 12,9 инчи кај поскапите модели), заедно со преуредување на графичката и структурата на менито.

Европските модели доаѓаат и со гласовен асистент напојуван од ChatGPT, но технологијата допрва треба да биде потврдена за автомобилите на американскиот пазар.

Засега нема информации за можно засилување на моторот кај Golf R, но треба да се запомни дека Volkswagen минатата година го понуди и Golf R 333 Limited Edition со 333 КС.

Уште порано беше објавено дека GTI и R верзиите на Golf нема да имаат мануелен менувач.

Рајнхолд Ивенц (Reinhold Ivenz), шеф на Volkswagen R, најавува дека фејслифтираниот Golf R за прв пат ќе биде претставен ова лето.





НАЈНОВИ