Nissan најавува крај на екраните на допир во автомобилите!?

Во денешно време речиси е невозможно да се купи автомобил без екрани на допир…

Тие се толку распространети што е тешко да се замисли автомобил без нив, иако имаат и негативна страна, односно можат да му го одземат вниманието на возачот.

Шефот за дизајн на Nissan, Алфонсо Албаиса, вели дека автомобилите на иднината веројатно воопшто нема да имаат екран на допир, но исто така нема да имаат многу функционални копчиња.

Наместо тоа, тој верува дека ветробранското стакло ќе стане еден голем екран. Со помош на новата технологија, проѕирниот LED екран може да се залепи директно на стаклото. Се очекува дека технологијата ќе биде подготвена за употреба во рок од десет години, пренесуваат специјализираните портали…

– Во иднина ќе биде потребен некаков екран, убеден е Алфонсо Албаиса. Купувачите на автомобили се навикнаа на различни видови содржини и апликации благодарение на Apple и Google и не можеме да се натпреваруваме со нив или да ги игнорираме – изјави тој во интервју за Motor Authority.





НАЈНОВИ