Нов Volkswagen Magotan

На саемот во Пекинг, Volkswagen официјално ја претстави новата генерација Magotan, која беше најавена на почетокот на оваа година…

Додека актуелниот модел на Magotan беше клон на претходната VW Passat B8 серија, новиот Magotan се оддалечува од новиот Passat B9. Како прво, кинеската верзија има поинаков изглед.

Исто така, додека новиот Passat B9 сега е достапен исклучиво како караван во Европа, овој нов VW Magotan го задржува изгледот на класичниот седан со четири врати.

Што се однесува до димензиите, новиот Magotan е долг 4990 mm (+ 104 mm во однос на неговиот претходник), а меѓуоскиното растојание е 2871 mm. Во овој контекст ја пренесувме и информацијата дека волуменот на багажникот изнесува 520 литри.

Внатрешноста има дигитална инструмент табла, поголем мултимедијален систем и екран пред патникот.

 

Списокот на опрема вклучува седишта со вентилација и масажа, head-up дисплеј, камери, адаптивна контрола на патувањето, автоматско сопирање и систем за задржување лента.

Новиот Magotan ќе се нуди со 1.5 и 2.0 TSI турбо бензински мотори со моќ од 160 КС и од 220 КС соодветно (и двата споени со 7-степен менувач со двојна спојка), а подоцна се очекува и хибридна верзија.

Како и досега, новиот модел ќе се произведува во Кина од заедничкото вложување FAW Volkswagen, а почетокот на продажбата се очекува за неколку месеци.

 





НАЈНОВИ