Новата генерација Peugeot 208 и 2008 со иновативен волан

Управувачот нема да има физичка врска со тркалата, а тоа би требало да се случи веќе утре поточно за две години..

Заедно со воланот во форма на правоаголник, новите Peugeots ќе добијат модерна контрола „преку жица“ (by wire).

За само две години, првите Peugeot автомобили кои ќе видат вид на управување без физичка врска со тркалата би можеле да бидат моделите од следната генерација 208 и 2008 година.

Внатрешноста на автомобилите на Peugeot е веќе доста контроверзна денес со нивниот i-Cockpit, т.е. со концепт во кој ја туркаат таблата со инструменти под шофершајбната со минијатурен волан. Но, сега Французите одат чекор понатаму.

Минатата година францускиот производител го претстави концептниот автомобил Inception и со него футуристички волан во форма на правоаголник наречен Hypersquare. Но, сега Французите одат чекор понатаму.

После тоа, Peugeot спроведе неколку студии и откри дека клиентите се подготвени за таква промен

„Не само што мислиме дека овој вид на управување е технолошки супериорен, туку е поврзан и со технологијата „управување преку жица“. Tоа е важно бидејќи збогатува нешто што е апсолутно фундаментално за Peugeot, a тоа e уживање во возењето“, рекла првата дама на Peugeot Линда Џексон (Linda Jackson ) за британскиот специјализиран магазин Autocar.

Технологијата „by wire“ всушност го елиминира традиционалниот управувачки столб.

Поконкретно, нема механичка врска помеѓу воланот и тркалата преку назабена летва.

Наместо физичка, се користи електрично поврзување за испраќање на сигналот помеѓу активирачот на воланот и активирачот на механизмот за управување.

Покрај полесната интеграција со современите безбедносни системи, оваа технологија ги елиминира несаканите вибрации при користење на воланот без да ви се заплеткуваат рацете и со многу помалку напор. Во исто време, новата технологија, заедно со новиот изглед на воланот, ќе овозможи и дизајн на повеќе пространа кабина, а клиентите кои учествуваа во студиите беа шокирани од тоа колку простор може да се ослободи со оваа нова технологија.

Дополнителен новитет е што воланот Hypersquare ќе биде надополнет со заоблен дисплеј од 21 инчи поставен на врвот на предната арматура, кој ќе ја преземе улогата на таблата со инструменти и централниот дисплеј.

Сето ова секако ќе биде дизајнирано во согласност со денешните автомобили Peugeot кои се движат по патиштата, но секако ќе донесе промени на пазарот. Во исто време, поради правоаголна форма на воланот, возачот веќе нема да мора да „кривогледа“ под или над работ на воланот за јасно да ја види таблата со инструменти.





НАЈНОВИ