Обновени BMW i4 и BMW Series 4 Gran Coupe

Откако веќе ги освежи Series 4 Coupe и Cabrio (како и M4) претходно оваа година, BMW сега суптилно ги измени и BMW i4 и Series 4Gran Coupe …

BMW i4 и Series 4 Gran Coupe добија поостри фарови, суптилно изменета решетка и задни светла „Laserlight“. Има и нов дизајн на алуминиумски тркала и поширока палета на бои.

Во однос на механичките промени, BMW 430i и M440i Gran Coupe добиваат ажурирани погонски единици со 48-волтна хибридна технологија.

Во однос на внатрешноста, покрај новите материјали, семејството на Series 4 е ажурирано и со оперативниот систем BMW OS 8.5.

Промените на предниот дел на возилото се однесуваат на фаровите, кои се редизајнирани со LED графика која вклучува дневни светла во стилот на бумеранг. Малку е изменета и предната табла, со рамка во мат хром. Наместо хром, опционално има сјајна црна боја. Назад се наоѓаат истите задни светла „Laserlight“ кои првпат беа претставени на ограниченото издание на BMW M4 CSL. Со пакетот M Sport на i4 или Gran Coupe, добивате понизок елемент на дифузорот кој сега е обоен во црно со висок блесок.

Надворешните промени се заокружени со две нови бои, Cape York Green металик и Vegas Red металик, како и нови дизајни на тркала од 19 и 20 инчи.

Бројот на копчиња е намален во кабината на i4 и серијата 4 Gran Coupe. Наместо тоа, работите стануваат се повеќе дигитални, а функционалноста е вградена во ажурираниот BMW iDrive со QuickSelect. QuickSelect е речник на BMW за нивниот нов информативно забавен систем ( преоблечен во нова „кожа“ и суштина) што овозможува вообичаено користените функции да се избираат директно од почетниот екран. Функциите на системот за автоматска контрола на климата, како и загревањето на седиштата и на воланот, сега може да се контролираат со допир преку заоблениот дисплеј на BMW.

Други ажурирања во внатрешноста се однесуваат на нови опции за материјали и бои, а има и подобрувања на вештачката кожа на BMW, „Sensatec“.

Тапацирот сега има помазна и порафинирана површина и е стандарден материјал што доаѓа со спортските седишта, со кожа како дополнителна опрема. Спортските седишта сега се поставуваат стандардно во сериите i4 и 4 Gran Coupe.

Што се однесува до поставата на мотори, 430i Gran Coupe има 2.0-литарски со четири цилиндри турбо мотор, заедно со 48-волтна блага хибридна технологија. Автомобилот има моќност од 190 kW/258 КС и максимален вртежен момент од 400 Nm.

За верзијата M440i Gran Coupe, обезбеден е 3,0-литарски со шест цилиндри во линија поставени (во ред – реден) мотор , кој добива 48-волтна блага (mild) хибридна технологија за дополнително засилување од 8 kW/11 КС и 200 Nm вртежен момент, кој може да се активира на време на траење (испорачување) од околу 10 секунди. Моќната единица произведува комбинирана моќност од 288 kW/391 КС и 539 Nm вртежен момент.

Во зависност од пазарот, достапни се и верзиите 420i, 420d и 430d.

Со електричниот BMW i4 вниманието го привлекува новата верзија на BMW i4 xDrive40, со погон на четири тркала, со моќност од 401 КС и 600 Nm вртежен момент и автономија од 444 до 548 километри.

Топ верзијата е BMW i4 M50 со 544 КС (досегот е 413-522 km), додека опсегот WLTP на почетниот модел i4 eDrive35 е 386-500 km.

BMW i4 и BMW 4 Series Gran Coupe ќе се произведуваат во фабриката на BMW во Минхен, а производството ќе започне во јули оваа 2024 година.





НАЈНОВИ