Почина волшебникот на автомобилскиот дизајн Марчело Гандини

Според италијанскиот RaiNews, почина Марчело Гандини (Marcello Gandini), легендарниот дизајнер одговорен за бројни италијански автомобили, но не само италијански кои израснаа во вистински икони на четири тркала….

Маестрото наполнил 85 години, плодни со прекрасни креации на патната мобилност.

Гандини беше најпознат по неговата работа со Lamborghini, каде што беше одговорен за дизајнирање автомобили како што се Miura, Countach и Diablo. Тој беше и дизајнер на моделите Lancia Stratos, Bugatti EB110 и Fiat X1/9.

Дизајнерот роден во Торино ги создал своите најпознати дела додека работел во италијанската дизајнерска куќа Бертоне (Bertone) од средината на 1960-тите до 1980-тите, создавајќи линии за автомобили како што се Alfa Romeo Montreal, Maserati Khamsin, оригиналниот Volkswagen Polo и Ferrari 308 GT4.

Гандини се оддалечи од Bertone подоцна во неговата кариера, работејќи независно со производители на автомобили како што се Citroen (развивајќи го BX) и Renault за да го дизајнира иконскиот 5 Turbo.

Други значајни дизајни на Gandini ги вклучуваат оригиналните BMW Series 5, Lamborghini Espada и Cizet Moroder V16T.

Дури и подоцна во животот, Гандини продолжи да дизајнира. Тој соработуваше со Tata Motors во 2017 година за да го создаде TaMo Racemo, концепт за спортски автомобил прикажан на Саемот за автомобили во Женева. Се вклучи и во индустриски простори и дизајн на мебел.





НАЈНОВИ