Rivian добил 68.000 резервации за електричниот SUV модел R2 за само 24 часа

Rivian, стартап кој развива електрични автомобили, на пошироката јавност и стана познат со двата досегашни модели, пикапот R1T и SUV изведбата R1S…

Изгледа дека во нивниот случај е вистинита изреката „трети пат среќа“, бидејќи очигледно третиот модел што го најавија, SUV моделот Rivian R2, ќе биде вистински хит. Тоа го поткрепува и фактот што за само 24 часа по официјалното претставување компанијата добила дури 68.000 резервации за ова возило.

Тоа е возило со пет седишта што се справува како компактен SUV, со иста големина како Toyota Rav4 и Honda CR-v, два од најпопуларните модели во класата.

Во понудата ќе има неколку варијанти, а најевтината ќе чини околу 45.000 долари, што е само за нијанса поскапо од цената на споредливите традиционални возила со внатрешно согорување.

Rivian се уште не ги дефинира точните цени на сите варијанти кои ќе се најдат во продажба,

но врз основа на ценовната политика на постоечките модели, може да се очекува дека моделот со двоен мотор ќе чини дополнителни 5.000 долари, а со троен мотор уште 8.000 долари.

Причината за добриот одзив на потрошувачите, освен релативно ниската цена и атрактивниот изглед, лежи и во добро избраната стратегија на Rivian. Компанијата за резервации бара само 100 долари, кои може да се вратат во секое време, доколку потенцијалниот купувач се премисли во одреден момент. R2 се очекува да се појави во продажба во 2026 година, но тоа е дел од индустријата за електрични автомобили.

Што се однесува до техничките карактеристики, не се знае многу. Rivian вети дека автомобилот ќе има 11 камери и пет радарски сензори кои ќе обезбедат подобри способности за автономно возење.

Исто така, R2 ќе користи приклучок за полнење NACS што е компатибилен со полначите на Tesla.

Во соопштенијето исто така, се наведува и дека овој конектор сега е поставен на задната страна, со цел да се олесни пристапот до Tesla Supercharger.

 





НАЈНОВИ