Porsche во Лајпциг започна со производство на електричниот Macan

Porsche официјално го започна производството на новата генерација на електричниот SUV модел Macan, кој ја заменува постоечката варијанта со мотори на внатрешно согорување, со акцент на европскиот пазар…

Производствен дом на овој новитет е модернизирана фабрика во Лајпциг, која во последните години бараше инвестиции од околу 600 милиони евра, со оглед на подготовката и проширувањето на производната линија за овој SUV модел.

Фабриката која исто така ја произведува Panamera е проширена за да вклучи нова линија за склопување на каросеријата и модули за батерии токму поради електричниот Macan.

Компактниот SUV на германската премиум марка на спортски возила овозможува високо ниво на автоматизација во производството благодарение на платформата PPE.

Производителот на автомобили користи 800 роботи само во одделот за склопување на каросеријата и батериите, според информациите што ги пренесуваат новинските агенции.

Секако, Porsche исто така „јава“ и врз бранот на одржливост, па така фабриката во Лајпциг може да се пофали со така наречена јаглеродна неутралност. Во самото производство на Macan, германската марка, на пример, користи струја од обновливи извори, додека биомаса користи за загревање на фабриката.

Повеќе од 4.600 вработени се вклучени во производството на Macan и Panamera во Лајпциг.

Оваа фабрика е способна за максимална флексибилност, бидејќи конвенционалните бензински, хибридни и чисто електрични модели можат да се симнуваат од една производна линија.

Иако Porsche сака да продаде повеќе од 80 отсто од сите нови автомобили да бидат со електричен погон во 2030 година, неодамна се врати во реалноста и на тој план додава дека сè на крајот ќе зависи од барањата на клиентите и развојот на електро – мобилноста во одредени региони во светот.

Сепак, интересот за новиот Macan е голем, бидејќи Porsche забележа 10.000 нарачки уште во март годинава (два месеца пред стартот на производството). Оваа година Porsche планира да достигне бројка од 20.000 произведени единици, а доколку побарувачката продолжи да биде силна, капацитетот на фабриката ќе се зголеми на 40.000 до 60.000 единици во текот на наредната 2025 година. Во секој случај брендот од Цуфенхаузен ја продолжува успешната приказна и со овој нивни SUV модел.

 





НАЈНОВИ