Renault развива ново електрично Twingo заедно со Кинезите

Здружувањето на Renault со кинескиот партнер треба да донесе експертиза што ќе помогне да се забрза развојот во областа на електричните автомобили…

Францускиот производител влегува во соработка со кинеска инженерска компанија со цел да развие електричен Twingo по цена под 20.000 евра.

„Развојот на новиот автомобил ќе се врши заедно со кинески партнер, што ќе го скрати времето на пристигнување и ќе ги намали трошоците“, изјави портпаролот на Renault.

Овој проект, кога станува збор за стајлингот и напредната технологија, се работи во Франција, додека производството ќе се одвива во Европа, додаде тој.

Проектот го води Ampere, „електричната“ дивизија на Renault.

На почетокот на овој месец, Renault и Volkswagen ги завршија преговорите за заеднички развој на прифатлива, електрична верзија на Twingo.

Renault објави дека одлуката поврзана со изборот на кинески партнер е независна од претходните одлуки поврзани со VW.

Германскиот производител оваа недела соопшти дека во Европа ќе произведува автомобили на батерии по цена од 20.000 евра, без партнер, потпирајќи се на висок степен на локализација на Стариот континент.

Шефот на Renault, Лука де Мео (Luca de Meo), ги откри плановите за електричен Twingo на крајот на минатата година.

Новото возило ќе се произведува во Европа, најверојатно во Словенија, рече тој на состанокот на акционерите овој месец. Сегашното Twingo се произведува во фабриката на Renault во Словенија.

Потегот на Renault да се здружи со кинески партнер првенствено беше направен со цел побрзо да се придвижи во развојот на електрични автомобили, според луѓе блиски до случувањата.

Производителите од Западна Европа се повеќе се потпираат на инженери од земји со поевтина работна сила за да ги намалат трошоците. Иако тоа не мора да биде случај со Кинезите, факт е дека земјата отиде најдалеку во областа на технологијата поврзана со електричните автомобили, изјави еден од упатените.

Европските производители се под притисок да ги ажурираат своите електрични понуди, токму во време кога економскиот раст забавува, а субвенциите за купување електрични автомобили се отстрануваат.

Во меѓувреме, кинеските брендови се прошируваат во европскиот регион со поевтини модели. Tака, кинескиот гигант во производство на електрични автомобили компанијата BYD (Bаyond Your Dreams) планира да го понуди hatchback моделот Seagull следната 2025 година, со цена пониска од 20.000 евра.

Stellantis планира да понуди електрични автомобили преку кинескиот Leapmotor во девет европски земји, почнувајќи од септември.

Поевтината верзија на Citroen e-C3 ќе биде претставена на почетокот на следната 2025 година

 





НАЈНОВИ