Се продава уникатен Bugatti Veyron Grand Sport Vitesse

Станува збор за креација што е инспириран од познатата филмска франшиза Transformers…

Bugatti вложува многу во својот имиџ како високо софистицирана компанија, но Veyron Grand Sport Vitesse прикажан на фотографиите, кој е инспириран од серијата „Transformers“, е доказ дека сепак ги исполнува малку чудните желби на своите клиенти, дури и ако тие се прилично детски.

Автомобилот е еден од само 92 примероци на произведениот модел на Veyron Grand Sport Vitesse, па јасно е дека е исклучително редок дури и без неговите уникатни детали.

Инаку, го придвижува моторот W16 од моделот Veyron Super Sport, кој развива 1.200 КС и овозможува забрзување од 0 до 100 km/h за 2,5 секунди пред да достигне максимална брзина од 410 km/h.

Токму оваа брзина го направи најбрзиот родстер во светот во тоа време. За да се осигураат дека автомобилот може да се справи со огромната моќ, инженерите на Bugatti ја зајакнаа шасијата.

Лицето што го купило автомобилот во 2014 година сакало дополнително да го истакне, со личен потпис, па затоа е украсен со „мозаик“ инспириран од филмовите од франшизата „Тransformers“. Еден од украсите е симболот Autobot на хаубата. Но, овој симбол се појавува и во внатрешноста, поточно меѓу седиштата. Првиот сопственик го продаде автомобилот во 2016 година откако помина само 568 километри, а потоа Bugatti повторно е ставен во промет на пазарот во 2018 година со поминати 840 километри.

Сега е повторно време за продажба, а автомобилот досега помина 5.200 километри.

Во огласот на Sotheby’s се наведува дека е дел од програмата Passport Tranquilite, која носи претплата на услугите и важи до декември оваа година.

Bugatti моментално е во Мадрид, а ќе најде нов сопственик на аукцијата што ќе се одржи наредниот месец, поточно од 1 до 3 мај оваа 2024 година.





НАЈНОВИ